Николовски на редовна координација со Државната комисија за спречување на корупција, разговарано за повеќе тековни и идни активности

На редовната координација со Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси разговаравме за повеќе тековни и идни активности, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski111Од страна на членовите на комисијата беше изразено големо задоволство за понуденото решение за нови просторни услови и се констатирање дека конечно се решава едно круцијално прашање за функционирањето на комисијата
Заеднички се согласивме дека усвојувањето и спроведувањето на Националната стратегија за борба против корупција ќе биде од клучно значење во превенцијата и борбата против корупцијата што е еден од стратешките приоритети на оваа Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e