Николовски на работен состанок со Заев: Продолжуваме со уште позасилено темпо – нема да се толерира нетранспарентното работење

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари работен состанок со Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев.

Борбата против корупцијата значи темелна соработка помеѓу сите надлежни институции и навремено и целосно спроведување на мерките предвидени во Планот за борба против корупцијата, истакна Николовски.
Nikolovski1„На денешниот работен состанок со Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, ги презентирав досегашните активности што произлегуваат од Планот, постапувањата од страна на задолжените институции, како и шестмесечниот Извештај за спроведувањето на Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата“, посочи Николовски.
Zaev„Продолжуваме со уште позасилено темпо, преку воспоставување на јасни механизми со силна политичка волја – нема да се толерира нетранспарентно работење, несовесно вршење на функцијата, неодговорност кон граѓаните.
Кој не почитува закон, ќе се соочи со закон, со одговорност.
Ние и граѓаните сме сојузници во оваа борба, и само заеднички ќе постигнеме резултати.
Секој од нас мора да даде личен придонес за издигнување на важноста на однесувањето на носителите на јавни функции придржувајќи се на принципите на добро управување на највисоко политичко ниво. Затоа што нашата цел е да работиме за да создадеме подобар живот за секој наш граѓанин, преку чесни функционери и отчетни институции, кои ќе работат во интерес на граѓаните“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e