Николовски на пуштањето во употреба на системот за наводнување во валандовско: Капитална инвестиција во износ од 24 милиони евра

Денеска во валандовско владини претставници го пуштија во употреба новиот, модерен систем за наводнување долж јужната долина на реката Вардар, за наводнување на нови 2.150 хектари земјоделско земјиште. Оваа капитална инвестиција е во износ од 24 милиони евра.

3
„Овој систем е дел од „Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза“ и особено ми e драго, што лично кога бев министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнавме со подготовка и реализацијата на овој проект што денес е реалност. Земјоделците од валандовскиот регион добиваат современ систем за наводнување на земјоделските површини, за помали трошоци, за поквалитетно и поконкурентно земјоделско производство. Изградбата на овој систем е пример како треба да се грижиме за развојот на оваа наша стратешка гранка, двигател на нашата економија“, порача вицепремиерот Љупчо Николовски кој заедно со премиерот Заев присуствуваа на пуштањето во употреба на системот.

2
„Реализацијата на капиталните инвестиции во земјоделството се клучни за креирање одржливи услови во земјоделството!“, порача Николовски.

5 4

Николовски упати голема благодарност до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Единицата за имплементација на проектот, општина Валандово, до компанијата изведувач „Штрабаг“, до надзорот Градежниот Институт, интернационалниот консултант „АХТ груп.4

“Реализацијата на „Програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза“, е резултат на многу работа и посветеност на сите нас, на целиот тим, на многу одржани состаноци и средби со сите засегнати страни, со единствена цел, на земјоделците да им предадеме во употреба модерен систем за наводнување за да имаат рентабилно и конкурентно земјоделско производство.
Оваа огромна инвестиција треба да е пример за тоа како треба да постапуваме одговорно кон интересите на граѓаните, кон она што е наша обврска и што побрзо да создадеме сè подобри услови за земјоделците. Продолжуваме понатаму со капитални инвестиции во земјоделството, следува реализација на трета фаза од оваа Програма, за наводнување на нови 1.700 хектари земјоделско земјиште долж јужната долина на реката Вардар” потенцираше Николовски.

4

4 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e