Николовски на пуштањето на нов пат во с. Оризари: Ги подобруваме условите во секоја општина

Денеска во кочанско Оризари, по повод празникот Св.Атанасиј, го пуштивме во употреба пристапниот пат од с.Оризари до манастирот Пресвета Богородица, информираше вицепремиерот Љупчо Николовски.
66„Овој пат, денеска целосно реализиран, како проект беше разгледуван во периодот додека бев министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, што ми претставува посебна гордост. Пристапниот пат е од огромна важност за поврзување на жителите од градските и руралните средини, особено бидејќи води и до прекрасната туристичка населба, Добра Вода“, посочи Николовски.
1За овој проект, општина Кочани доби финансиска поддршка преку мерките за поддршка на општините преку Програмата за рурален развој, во износ од 12 милиони денари.
33„Реализацијата на капиталните проекти, дел од оваа Програма придонесува за подобрување на инфраструктурата, особено во руралните средини, за развој на рурален туризам и крајно подобрување на условите во секоја општина.
Остануваме максимално посветени на поддршката за развој и подигање на капацитетите на единиците на локалната самоуправа.“, рече Николовски.
22

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e