Николовски на промоција на Рамката за развој МКД 2030

Забрзан економски раст, заштита на животната средина на ниво на европскиот просек и редефинирана енергетска политика, забрзување на дигиталната трансформација и промовирање на дигитална економија и образованието, младите и инклузивниот развој, се четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030 којашто денеска беше промовирана од претседателот Стево Пендаровски.
На покана од претседателот на промоцијатата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствона Љупчо Николовски.

-Документ изготвен по иницијатива на претседателот, коj ги определува приоритетните области во кои на среднорочен план треба да вложува за државата да стане подобро место за живот, работа и социјално-општествени активности, посочи Николовски.
-Рамката за развој МКД2030 содржи четири приоритети: забрзан економски раст, повисока заштита на животната средина и реформирана енергетска политика, дигитализација, образование, млади и инклузивен развој. Нејзината цел е да послужи како основа при стратешкото планирање на развојот и постигнување на кохерентност при политичките престројувања во земјата, појаснува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e