Николовски на промоција на монографија и документарен филм по повод 6 децении СОУ„Ѓорче Петров“ – Крива Паланка

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски, заедно со сопругата Андријана, вечерва присуствувaa на презентацијата на монографијата со наслов „Училиште на 21 век“ по повод 6 децении од постоењето на СОУ „Ѓорче Петров“ – гимназијата каде и вицепремиерот го завршил своето средно образование.

3

„Денеска денот го завршив во училиштето каде ги поминав средношколските денови, СОУ Ѓорче Петров.
Бесценето е да се вратиш, години наназад, онаму кадешто си пораснал и си се образувал. По повод 60 години од постоењето на училиштето беше презентирана монографијата со наслов ‘Училиште на 21 век’ и документарен филм во кој се обраќам, како поранешен ученик и претседател на училишната заедница, цели 4 години, за време на моето образование“, порача Николовски.

4Во документарниот филм, хронолошки свое обраќање имаат и поранешни директори на училиштето, поранешни ученици, градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, како и Тито Петковски, ученик во првата генерација на училиштето.
„Ми претставува огромна чест и задоволство што сум дел од овој значаен проект, како за училиштето СОУ Ѓорче Петров, така и за општината, сегашните и идните ученици. Продолжуваме да вложуваме во образованието, како влог во иднината и гарант за успешна и напредна држава.“ – вели Николовски.

190440687_3004664019755117_2788524374625836141_n 191322619_3004663923088460_2574567367207015045_n 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e