Николовски на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите во Словенија

По повод Светскиот ден на пчелите, 20-ти мај, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  присуствуваше во општината Жировница, Република Словенија на свечената прослава за одбележување на овој ден.

Прославата се одржува под покровителство на словенечкиот претседател Борут Пахор.

32907936_1925382324191147_3556814352285696000_n

„Пчелите имаат важна улога во заштита на животната средина и зголемување на приходите во земјоделството. Овој меѓународен ден е само повод заеднички да потсетиме и да ја подигнеме свеста на јавноста дека треба интензивно да работиме на заштитата на овие суштества, континуирано во текот на целата година.“ – рече Николовски.

33087594_1925382287524484_3284793745349804032_n

Инаку, Светскиот ден на пчелите, 20-ти мај, е прогласен  минатата година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e