-Денеска на покана на малите семејни винарии го одбележавме Свети Трифун – празникот на лозарите и винарите. Гордо можам да кажам дека поддршката за малите винарии е една од најуспешните реформи што ја реализиравме, порача денеска поранешениот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Во 2019 година ги изменивме законските услови и овозможивме олесната регистрација на правни како и за прв пат можност за регистрација на физички лица како производители на вино. Обезбедивме и целосна поддршка за нивна модернизација и опрема.
Затоа денес имаме над 180 мали семејни винарии, порача тој од терен.
Како што порача, оваа политика создаде нова генерација мали, квалитетни производители кои го подигнуваат и промовираат брендот „македонско вино“.
– Денес тие се наш најдобар амбасадор и пример како со јасна визија и политика државата може да создаде нова вредност, вели Николовски.
