Николовски на координација со надлежните институции: Планот за борба против корупција ќе биде дополнет со нови системски мерки

Вицепремиерот за борба против корупција и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска одржа редовна координација со надлежните институции за борба против корупцијата.
2
„Го разгледуваме статусот на реализација на задолженијата зададени со #ПланотЗаБорбаПротивКорупција, кој веќе следниот месец ќе биде дополнет со нови системски мерки. Заеднички дејствуваме во спроведувањето на мерките и задачите и постојано поставуваме нови цели и активности. Со заедички капацитети и силна волја можеме да создадеме клима во која граѓаните ќе бидат охрабрени да не молчат пред корупцијата“, порача Николовски по состанокот.
3
„Градиме систем кој ќе ја врати довербата во институциите. Создаваме држава на чесни политичари и институции кои исклучиво работат во служба на граѓаните.“ – дециден е вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e