Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва учествуваше на Изборната конференција на ОО СДСМ Гостивар која заврши успешно.
„Му честитам на претседателот Станиша Матески и новоизбраното општинско раководство. Продолжуваме заедно да го развиваме, да го унапредуваме нашето социјалдемократско семејство.
СДСМ воведе нови стандарди на политичко дејствување, победува и постојано се менува!“, истакна Николовски.