Покрај обезбедувањето на просторот за ДКСК, како вицепремиер бев насочен и кон останатите мерки за функционирање на оваа Комисија како независно тело. Со одлука на Влада на ДКСК им се одобрија 48,9 милиони денари за набавка за изработка на Регистар на избрани и именувани лица, за електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, за менаџирање со документи и одржување на целокупниот електронски систем. – порача вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.
Овој Регистар е особено важен и за поврзување на 17-те институции од коишто треба да се црпат релевантни информации при откривањето на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. – вели тој.
Со ДКСК имаме соработка и по однос на Планот за борба против корупција, конкретно во делот на мерката што предвидува измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Продолжуваме со силно темпо! – дециден е вицепремиерот.