Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна оствари плодна и успешна средба со академската заедница и претставници на бизнис секторот.
-Иднината е во имплементирање на современи и иновативни технолошки решенија, земјоделскиот сектор мора да се осовременува и да биде поддржан со брз проток на информации. Ја поздравувам и поддржувам идејата за проектот “Паметна специјализација” проект чија примена е овозможување преку нови технологии да создаваме поголема конкурентност на домашното производство, со што земјоделското производство ќе се модернизира и ќе се намалат производствените трошоци, порача Николовски.
Министерот нагласи дека МЗШВ при креирање на сите развојни политики става силен акцент токму на младите земјоделски професионалци, преку вакви проекти, модерни решенија и иновации да бидат двигатели на развојот и да ги носат позитивните промени во општеството.
-Им благодарам на СветскаБанка, ГИЗ- Германско друштво за интернационална соработка, и Програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ, за значајната поддршка за реализација на овој проект, рече Николовски.