Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на караванот “Поддршка за секој земјоделец” ја посети Битола.
-Го посетив Пеце Танчевски од село Лажец Битолско. Пеце се занимава со одгледување на пченка, пченица и јачмен повеќе од 20 години, а преку мерките од ИПАРД програмата има набавено една приколка, и една меѓуредна фреза со што си го модернизира и олеснува производството.
Ме информираше дека со задоволство ќе аплицира за мерките од Интервентниот фонд каде обезбедуваме 40% помош за набавка на вештачко ѓубриво, односно 4.000 денари по хектар за пченка и пченица, како и 2.500 денари за сончоглед и јачмен, рече Николовски по средбата на терен.
-Радуваат ваквите посети, каде лично од терен ги гледам резултатите и придобивките од мерките кои ги носиме. Продолжуваме да даваме силна поддршка на земјоделците преку ефикасни програми, за помали трошоци и зголемено домашно производство на стратешките култури, додава министерот Николовски.
