Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски денеска заедно со претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, и директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, беа во новите простории на ДКСК.

„Изминатиов период лично се заложив за Комисијата да добие нови простории, и со одлука на Влада, ДКСК во оваа зграда доби три ката. Тоа се најдобрите простории со кои моментално располага државата, преку Службата за општи и зеднички работи.“ – рече Николовски.

„Со ова, решаваме еден наследен долгогодишен проблем и обезбедуваме соодветни простории за функционирање на Комисијата, како независно тело кое има важна улуга во навремено откривање на случаите поврзани со корупција.“ – порача вицепремиерот.

