Николовски: Кривопаланечкиот симит го внесуваме во Арката на вкусови која ја подготвува Slow Food Macedonia

На средбата со претставниците на #SlowFoodMacedonia разговаравме за зачувување на традиционалните рецептури автентични за шареноликиот македонски крај, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Горд сум на кривопаланечкиот симит, препознатлив локален вкус кој доаѓа од местото од кое потекнувам и за кој денес дискутиравме за негово внесување во Арката на вкусови која ја подготвува Slow Food Macedonia, истакна Николовски.

Николовски посочи дека оригиналната рецептура и технологија на производство е зачувана и пренесувана од колено на колено во една од локалните пекарници во Крива Паланка повеќе од 100 години.

„Денес овозможуваме зачувување на начинот на подготовка на овој производ со што активно придонесуваме за промоција на локалните квалитети и посебности, поттикнуваме развој на гастрономијата и туризмот и му обезбедуваме на светот една автентичност повеќе во светското мени на вкусови“, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e