“Владата денес донесе одлука за аплицирање за инвестициски грант за реконструкција и рехабилитација на државен пат делница Крива Паланка – Деве Баир, како дел од Коридор 8, во рамки на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан за 2017 год. Дополнително, ЕБОР одговори позитивно на барањето за заем за оваа делница од 13.2 км.”
Оваа вест, вчера ја најави министерот во владата, Љупчо Николовски, кој потекнува од Крива Паланка.
Предходно, владата на Зоран Заев обезбеди 4,5 милиони евра за реконструкција на патните правци Кр.Паланка-Ранковце и Узем-Тораница како и 70 милиони евра за пругата Бељаковце-Крива Паланка.
Сите овие градежни активности ќе започнат уште во наредната 2018 година.