На денешната средба меѓу македонскиот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и амбасадорот на Република Чешка во РМ, Мирослав Томан, беше договорено потпишување на Меморандум за соработка во областа на земјоделство, со кој ќе се обнови и унапреди соработката помеѓу двете земји.
„На средбата констатиравме дека потенцијалот за соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството е голем, но генерално не е искористен. Македонија како извозник на земјоделски производи, а Чешка како производител на трактори и други машини и опрема имаат основа за понатамошни разговори, што е добра основа за зголемување на трговската размена. “ – рече Николовски.
На средбата е договорено македонскито министер заедно со македонска бизнис делегација, да ја посети Чешкапри што ќе се направат напори за поврзување на македонските и чешките бизнисмени од секторот земјоделство.
Наедно Николовски за следната година доби покана од амбасадорот Томан, за присуство на најголемиот саем за животни и технологија што секоја година се одржува во Чешка.
