Капиталните инвестиции во кривопаланечкиот регион и во време на пандемија, продолжуваат со иста динамика, порачува вицепремиерот за борба против криминал и корупција, одржлив развој и човечки ресурси.
✔️ Се градат експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, трета лента од делница Крива Паланка – Деве Баир, Куманово – Страцин и Узем – Тораница
✔️ Рехабилитирани се делниците: Крива Паланка – Огут, Крива Паланка – Луке и регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка
✔️ Во тек е развојната фаза на железничката инфраструктура: Куманово – Крива Паланка и Крива Планка – граничен премин Деве Баир
👉🏻 Ја потрекрупуваме економијата, го зголемуваме економскиот раст и поставуваме подобри услови за засилена меѓународна соработка, дециден е вицепремиерот.