Николовски како Мицкоски: Преспанскиот договор е штетен, освојување на 2/3 мнозинство би значело промена на Уставот

Александар Николовски во денешното гостувањето во „Утрински бифинг“ на „Слободна ТВ“ го повтори ставот на лидерот на партијата околу Преспанскиот договор.

-Она што ние го имаме како став е дека договорот е штетен по однос на македонските национални интерес. Сметаме дека е една голема грешка промената на Уставот на Република Македонија и во таа насока освојување на 2/3 мнозинство би значело промена на Уставот, рече потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој ја повтори силната определба на партијата.

-Во таа насока, доколку успееме да стигнеме до таа бројка промената на Уставот останува силна определба на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e