ВМРО-ДПМНЕ, имаа цели 11 години да ја зголемат минималната плата, па со тоа и просечната. Но, како ќе зголемат минимална плата луѓе што гласаат против зголемување на истата?! – праша генералнито секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Она што добро знаеја да го направат во тој период од 11 години е да си ги зголемуваат провизиите, па можеби повторно нешто измешал Јанушев. Веројатно мисли на тоа дека ќе си ги зголемат провизиите за 25%. – констатира Николовски.
Од друга страна, нашата влада за само две и пол години минималната плата ја покачи од 9.000 на 14.500 денари и обезбеди минимум пристоен живот за секој граѓанин. За тие две и пол години просечната плата порасна за 20% и сега е близу 27.500 денари. – сподели Николовски.
Јасно е дека во недостаток од идеи прибегнуваат кон лажни ветувања. Ова е вистинско фејк-њуз ВМРО. За овие ветувања имаа повеќе од една деценија да ги исполнат. Но, единствените нешта што ги полнеле се џебовите на бегалецот од Будимпешта и врхушката околу него. Бегалецот од кого НИКОЈ НЕ СЕ ОГРАДИ овие години, бегалецот кој сега криминалните провизии ги троши за да спаси глава.
Изборот е јасен. Продолжуваме кон патот на заедништво, членство во ЕУ, мир и стабилност или се враќаме назад во несигурноста и стравот од кој едвај излеговме? – порача Николовски.