„Нема отстапки во зачувување на статусот ‘Светско наследство’ за природното и културно наследство во Охридскиот регион и заштита на охридското крајбрежје. Давам јавна поддршка за преземените активности од страна на Општина Охрид и градоначалникот, Константин Георгиески, за заштита на ова наше, а светско наследство.“ – порача на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат, особено кога е во прашање заштитата на вредносите на светското наследство.Владата е цврсто решена и одлучна за ставање крај на самоволието на крајбрежјето на Охридското езеро и на девастирањето на ова светското природно и културно наследство заштитено со УНЕСКО.“ – дециден е Николовски.