Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Владата на Р.Македонија одржа прес конференција на која го претстави Предлог Буџетот за 2018 година за секторот земјоделство.
Николовски на новинарско прашање поврзано со можните штети на земјоделски површини од врнежите деновиве одговори дека се во постојан контакт со УХРМ и како што кажа досега немаат добиено официјални потврди за климатски настани коишто се причинители за одредени штети во земјоделскиот сектор.
-Ја следиме состојбата и Министерството за земјоделство и УХРМ веднаш штом ќе добијат соодветни сознанија односно официјални потврди, ќе ги покренат сите процедури што се во наша надлежност, изјави министерот Николовски.