Николовски: Ја продолжуваме соработката со Европската Унија и секојдневно ги охрабруваме земјоделците да ги користат мерките од ИПАРД

Од исклучително значење е поддршката која што ја добиваме од ЕУ токму преку ИПАРД програмите, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски денеска одржа работна средба со Франк Болен, Раководител на сектор за проширување и претпристапна помош и Зиго Рутковис, Програмски менаџер за ИПАРД за Република Северна Македонија и Република Албаниј.
Nikolovski„Разговаравме за моменталната состојба со земјоделството во Република Северна Македонија и воедно го презентиравме Националниот план за производство на храна, посочи Николовски.

Николовски информираше дека како лидери во регионот по искористување на средствата од ИПАРД програмата најавуваме и распишување на нов повик за Мерката 3 во рамките на ИПАРД 2 програмата.

„Дополнително разговаравме и за подготовка за имплементација на ИПАРД 3 програмата. Ја продолжуваме соработката со Европската Унија и секојдневно ги охрабруваме земјоделците да ги користат мерките од ИПАРД“, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e