Николовски: Ја продолжуваме илинденската визија, Илинден е нашата сила за иднината

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честитка по повод Илинде!

-Нека е Честит и вековит Илинден – Денот на Републиката! На овој голем ден со гордост се поклонуваме и го славиме херојството и пожртвуваноста на нашите комити, револуциониери, на нашите партизани, кој заедно сплотени, без разлика на вера и етникум, се бореле за нашата слобода.
Имаме аманет од нив да ја чуваме и развиваме нивната идеја за слободна, независна, демократска република. Тие тогаш се бореле да обезбедат подобра иднина за идните генерации, денес таа обврска ја имаме ние, да градиме сигурен пат на иднината за нашите .
Ја продолжуваме илинденската визија, Илинден е нашата сила за иднината. Денес нашата земја е земја на пријателство и соживот, меѓународно признаена, интегрирана и обезбедена, рамо до рамо со другите земји. За многу години Илинден!- вели Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e