Николовски ја прими првата доза на „Синофарм“: Со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје

Денеска, согласно националниот план за имунизација, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“, вакцина којашто е достапна во моментот.
Nikolovski44„Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само на тој начин, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје“, истакна Николовски.
Nikolovski22Николовски нагласи дека сите вакцини кои пристигнуваат и кои дополнително ќе пристигнуваат, се безбедни, проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација, тешки форми на болеста и фатален исход.
Nikolovski11„Затоа е важно, на секој кој што ќе му дојде редот за вакцинација согласно планот за имунизација, да се вакцинира со вакцината што е достапна во моментот. Со вакцинацијата, ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници во оваа панедмија, за веќе во летниот период да имаме висок процент на имунизирано насление.
Важно е, и натаму се додека организамот не создаде имунитет, да ги почитуваме мерките за лична заштита – маска, растојание и негрупирање во затворени простории.
Nikolovski55

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e