Вицепремеирот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ја отвори “Регионална конференција на канцелариите за финансиско разузнавање од Западен Балкан”.
„Ми претставува особена чест што ја отворив денешната “Регионална конференција на канцелариите за финансиско разузнавање од Западен Балкан” и особено ме радува огромниот интерес на чинителите од граѓанското општество и нашите меѓународни пријатели кон оваа важна тема како што е поефикасната борба против перење пари и финасирањето на тероризмот“, истакна Николовски.
Николовски потенцираше дека тероризмот и оранизираниот криминал не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на национално, регионално и меѓународно ниво.