Николовски: Извршивме измени и дополнувања на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата

-Во насока на почитување на препораките на ГРЕКО, извршивме измени и дополнувања на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Прецизно е разграничена функцијата на лицето за интегритет коешто дава советувања за етички прашања и членот на Владата назначен за следење на спроведување на Кодексот, информира вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Дополнително, проширен е опсегот на лица кои подлежат на Кодексот, односно покрај носителите на јавни функции, советниците кои ги именува Претседателот на Владата и посебните советници во министерствата, сега ќе бидат опфатени и секретарите и помошниците секретари во секретаријатите во Канцеларијата на претседателот на Владата.
Во насока на почитување на препораките на ГРЕКО, досега со поддршка на УСАИД, реализиравме обуки на 135 носители на функции, за практична примена на одредбите од етичкиот Кодекс на вршителите на јавни функции, сподели Николовски кој децидно порачува дека продолжуваат со доследно вршење на мисијата, како што вели, преку соработка и отвореност кон препораките и сугестиите кон нашата работа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e