Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со членовите на ВОМ на која, како што рече, детално ги слушнале проблемите со кои се соочуваат винопроизводителите.
-Посветено и одговорно, уште пред почетокот на сезоната на откуп на грозје започнуваме разговори. Имаме разбирање за тешкотиите со кои се соочуваат и токму затоа сме подготвени заеднички со подсекторската група, да изнајдеме конкретни мерки за поддршка на овој сектор, посочи Николовски.
