Николовски: Со изградба на нов модерен систем за наводнување во Тераце го решаваме проблемот за наводнување на 120 земјоделски семејства

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изврши увид во градежните активности на системот за наводнување во Теарце.

Николовски беше придружуван од заменик-министерот Абдулшуќур Абедини.

Со изградба на нов модерен еколошки и економски систем за наводнување во Тераце, го решаваме проблемот за наводнување на 120 земјоделски семејства со околу 300 хектари земјоделско земјиште, истакна Николовски.
ikolovski1„Полог е наша македонска житница, широко рамно поле со изобилство на вода, а со изградба на вакви капитални проекти само го надградуваме она што природата веќе го создала.
Со финансиска поддршка од ЕУ и ИПА фондовите во вкупна вредност од 1,7 милиони евра, преку овој систем “капка по капка”, земјоделците ќе имаат директен бенефит, стабилно и економско наводнување на нивните земјишта, се со цел зголемување на домашните производство“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека оваа Влада и МЗШВ остануваат посветени во реализација, изградба и инвестиции во капитални проекти, развој на руралните средини и зголемување на животниот стандард на земјоделците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e