Во услови на светска криза, и галопирачки климатски промени да се заштити земјоделското производство е приоритет, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„На денешната средба со заменик претседателот Fatmir Bytyqi и сите осигурителни компании разговаравме за итно воспоставување на систем за осигурување во земјоделството, каде целокупното производство ќе биде осигурано од штети, со поддршка од државата.
Систем со кој конечно ќе се решат сите предизвици поврзани со ад-хок исплата на штети, и постоечкиот систем на осигурување, со што ќе го заштитиме земјоделецот и неговиот производ. Храбро, одлучно, и ефикасно работиме на решавање на децениските проблеми“, рече Николовски.