Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Благој Бочварски и Љупчо Николовски и градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, денеска беа во увид на градежните работи на регионалниот пат Пробиштип- Лесново.
-Истокот се гради и развива како никогаш досега. Се реализира и ветувањето за реконструкција на регионалниот пат од Пробиштип до Лесново. Проект на кој се чекаше многу години.
Оваа Влада вложува во изградба на модерна патна инфраструктура и реконструкција на огромен број патни правци во државата.Македонскиот исток од најзапоставен регион во овие три децении, денес станува регион во кој најмногу се инвестира и се развива, порача денеска по увидот министерот Љупчо Николовски.
