Генералниот секретар на социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски испрати честитки до новиот градоначалник на Штип, Сашко Николов.
„Честитки до доктор Сашко Николов кој е победник на овие предвремени локални безбедни по здравјето избори, на кои граѓаните покажаа голема одговорност и сериозност, почитувајќи ги сите протоколи, овозможувајќи му на Штип да
продолжи по модерниот, европскиот пат кој што го зацрта Благој Бочварски.
Мене ми беше чест што досега што бев шеф на централниот изборен штаб за параламентарните избори, чест ми беше што бев носител на победничката листа во третата изборна единица, регионот во кој анкетите покажуваат дека сериозно се зголемува предноста на СДСМ во ова деструктивно, пред ова бојкотирачко и пред ова ВМРО ДПМНЕ кое нема ниту еден став, за ниту едно прашање и интерес на граѓаните. Покажавме дека можеме пресврт да покажеме во истокот со проекти, капитални инвестиции и грижа за граѓаните и со сите политики кои ги реземаме во овој период. Токму затоа расте поддршката на СДСМ во овој регион, истокот е веќе бастион на социјалдемократијата и да го продолжиме тој пат“, посочи Николовски.