Согласно новите рестриктивни мерки сите инспекциски служби продолжуваат со интензивни контроли и надзори, секој инспекторат во рамки на својата надлежност, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Нема компромис кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Секој кој нема да ги почитува мерките ќе сноси одговорност!
Ги охрабрувам инспекциските служби, како клучен контролен механизам да продолжат неселективно во спроведувањето на контролите.
Почитувањето на здравствените протоколи и мерки е клучно за заштита на јавното здравје и надминување на кризата“, истакна Николовски.
