Вицепремиерот задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски им посака успех на фудбалските репрезентативци. „Цела држава, секој граѓанин со сето свое срце е вечерва со македонските рисови!Успехот на оваа репрезентација се темели на несебичниот труд, амбиција и победничкиот менталитет на нашите репрезентативци. Покажавте дека можете и веруваме дека ќе успеете!“ – порача Николовски откако фудбалерите го започнаа пријателскиот меч против Словенија кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“.
„Ни донесовте голема радост и голема гордост! Затоа вечерва, со победа да ја испратиме македонската фудбалска репрезентација кон нови победи на Европското првенство!“ – вели Николовски.