-Денес, им oддаваме почит нa нашите претходници, кои со храброст, но и мудрост, мирно ја добија битката за самостојна, независна и суверена држава, за денес да ги уживаме благодетите од демократските процеси кај нас, порача денеска вицепремиерот Николовски.
-Претседателот Киро Глигоров имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање, а претседателот Борис Трајковски, кој беше шеф на државата во сложени времиња за нашата земја, покажа лидерство и знаеше како да ги стави државничките пред тесно партиските интереси.
Слава им! – сподели Николовски.