„Денот на победата врз фашизмот и Денот на Европа кои ги одбележуваме денеска, на 9 ти мај, се исклучително важни настани за нас. Во Втората светска војна, Македонците застанаа на вистинската страна, се бореа против фашизмот и заедно со Сојузничките сили победија.Токму преку борбата за слобода дојдовме до сопствена држава, денеска признаена од целиот свет, демократска, напредна.“ – порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Благодарност и почит за нашите борци, нашите херои, за сите учесници во НОБ. Вашето дело е наша обврска, од генерација на генерација. Идејата за Европа, обединета во различностите е идеја во која силно веруваме и природно припаѓаме.“ – вели Николовски во честитката.
„Направивме многу реформи, ја придвиживме наша интеграција и со право очекуваме ЕУ да ги потврди вредностите на кои се темели.“ – заклучува вицепремиерот Николовски.