Денеска беа оддржани првите пратенички прашања од составувањето на новата влада на Зоран Заев. Пратениците прашуваа, министрите и премиерот одговараа.
Интересно беше тоа што имаше слаб одзив на прашања од страна на опозицијата. Ова на социјалната мрежа Фејсбук го нотира и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Еве што тој напиша:
Собранието ја избира и контролира Владата. Денес целиот Владин кабинет и целото парламентарно мнозинство се на седницата. А опозицијата која треба најмногу да биде активна ја нема. И покрај тоа спремни сме да одговориме на секое прашање во интерес на сите граѓани на #Македонија.