Николовски: Храбри одлуки кои ќе спречат богатење на грбот на народот – за прв пат, конфискација на нелегално стекнатиот имот

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска присуствуваше на Конференцијата за ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди, што е еден од врвните приоритети на Владата на Северна Македонија.
-Ги поставивме темелите за спроведување на системски мерки за превенција од корупција и криминал. Со Законот за потекло на имот, за прв пат воведуваме контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот кај секој што не може да го докаже неговото потекло, порача Николовски по конференцијата.
-Усвоена е и Националната Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2021/23 година, како дел од Планот за борба против корупција. Продолжуваме да носиме храбри одлуки кои ќе спречат богатење на грбот на народот, дециден е вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e