Николовски: Граѓаните и правните лица веќе го користат Електронскиот систем за онлајн поднесување пријави и следење на предмети

Граѓаните и правните лица веќе го користат Електронскиот систем за онлајн поднесување пријави и следење на предмети, информира вицепремиерот Љупчо Николовски.
Во период 23.09.2021до 08.11.2021 во системот се пристигнати вкупно 51 пријави од кои:
➡️46 се доделени на институции
➡️5 се доделени на порталот.
Од вкупниот број на проблеми решени се 40, а во фаза на одговарање се 11.
-Овој систем е уште еден механизам за ефективно водење на постапките за добивање на услугите, навремено постапување на институциите по барањата на граѓаните и спречување на корупција.
Со работата на системот, го подигнуваме нивото на работа на институциите и ги ставаме во полна функција на граѓаните, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e