Николовски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе имаме доволни количини на стратешки култури и доволно храна

Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе имаме доволни количини на стратешки култури и доволно храна, истакна министерот Љупчо Николовски во денешното гостување во емисијата Македонија наутро на МРТ1.

Николовски потенцираше дека навремено се подготвени мерки за поддршка на секој еден земјоделец преку Националниот план за производство на храна.

„Радува големиот интерес кај земјоделците за аплицирање по мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, како и големиот интерес со склучени 258 договори за земјоделско земјиште за обработка на житни култури. Овозможивме и дополнителна мерка од 100 евра за остварен зголемен принос од еден хектар па нагоре за површини под житни култури.
Добрата откупна цена која ја има за јачменот, а очекувам добра цена и за пченицата, но и добар принос, ги потврдува резултатите од мерките за поддршка на домашното производство. Она на што инсистираме овој период е целото домашно производство на стратешки култури, пред се, да заврши во домашни преработувачки и откупни центри“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e