Скопје е срцето на нашата држава, обединето и сплотено мора да продолжи да се развива.
Градот убав ќе продолжи да се развива со Петре за Град Скопје, со Горан за Центар, со Душко за Карпош, со Ферат за Шуто Оризари.
Скопје заслужува да оди напред, и натаму да биде место на слобода на дејствување, изразување и размена на идеи. За четири години Скопје целосно се промени, од град каде владееја поделби, денес е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот за неговите жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура. Скопје повторно стана град на соживот и солидарност!
Во недела носиме историска одлука, од која зависи развојот на општините, правиме избор помеѓу искрени политичари и оние со кои не знаеме на што сме.
Ве повикувам на 31-ви октомври, да го изберете најдоброто за вас, за вашата општина, за вашето место и за нашата заедничка татковина. Заокружете го бројот 12, за да го задржиме правецот на развој, демократија и слобода!
ФБ статус на вицепремиерот и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски
