Николовски: Го вративме достоинството на земјоделците

Зголемени субвенции и нивна навремена исплата, највисока откупна цена за тутунот, финансиска поддршка за младите земјоделци, поврат на персоналниот данок – се само дел од мерките кои беа превземени од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на чело со Министерот Љупчо Николовски во текот на изминатата година.

Ова денеска беше соопштено на прес- конференцијата која всушност беше отчет за сработеното на македонската Влада во изминатите 365 дена.

“Оваа година ги зголемивме субвенциите за земјоделците со потенцијал за развој и за првпат субвенциите беа исплатени навремено за сите земјоделски гранки. Постигнавме највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари, а 424 млади земјоделци добија грантови од по 10.000 евра за да започнат сопствен агро бизнис. Со мерката за поврат на персоналниот данок, 65.000 земјоделци добиваат износ еднаков на задржаниот данок. Го вративме достоинството на земјоделците и докажавме дека го вреднуваме нивниот труд.“ – рече Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната прес-конференција по повод една година работа на Владата.

„Продолжуваме да работиме посветено за развој во земјоделството и подобар живот за сите граѓани.“ – додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e