Николовски: Го намалуваме човечкото влијание и субјективноста во процесите и директно влијаеме врз намалување на корупцијата

Го намалуваме човечкото влијание и субјективноста во процесите и директно влијаеме врз намалување на корупцијата, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Колку е помало влијанието на човекот, толку е помал просторот и ризикот од корупција. Со дигитализирање и поврзување на институциите ставаме крај на неоправданите изговори за недостиг на одредени документи, непотребно шетање на граѓаните по институциите и заостанување на предмети по фиоки“, истакна Николовски.

Николовски нагласи дека со целосната дигитализација на трите матични книги и нивното интегрирање во Централниот регистар на население, како и податоците од лична карта, патна исправа и државјанство кои се содржани во еден единствен извод, го ставаме во целосна функција овој регистар за потребите на граѓаните.

„Органите нема да бараат, директно од граѓаните, податоци за идентификација кои веќе ги поседуваат или постојат во базата на друг надлежен орган. Повеќе нема да биде потребна копија од лична карта, патна исправа или извод од матична книга, за реализирање одредена процедура.
Дигитализацијата на јавните услуги е долг и комплексен процес, но наш врвен приоритет! Затоа е потребно да ја зголемиме свеста за важноста на овие процеси и да ги прифатиме промените. Само со координативен пристап можеме да ја намалиме корупцијата во јавниот сектор“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e