Ги зголемуваме стандардите за работа на државните институции, создаваме транспарентен и одговорен јавен сектор, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„ФИТР е првата сертифицирана државна институција со сертифициран Стандард за спречување на корупција.
Ова ќе ја зајакне довербата кон Фондот како значаен промотор на иновациите, технолошки и економски раст и развој во државата.
Очекувам ова да поттикне други државни институции, да го следат овој позитивен пример за поставување повисоки стандарди“, посочи Николовски.