Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски утрово присуствуваше на министерскиот координативен состанок, на кој се дискутираше за функционалноста на Секторските работни групи и улогата на министрите како претседавачи во истите.
-Разговаравме за промовирање на важноста на секторските работни групи, формирани во ИПА II и нивното прераснување во форум кој треба да обезбеди оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети, како и изнаоѓање на соодветна финансиската поддршка за истите од ЕУ и други донаторски средства во рамки на ИПА III, порача Николовски.
-Ги зајакнуваме капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите и другите донатори за подобра алокација на средствата, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците, додаде министерот Николовски.