Синдикатите потписници на Колективниот договор за вработените во МЗШВ, без спроведување на законска постапка склучиле незаконит колективен договор со тогашниот министер. Доколку истиот продолжеше да се применува ќе -предизвикаше долгорочни негативни последици врз остварување на основните права од работен однос на вработените во МЗШВ.
Во изминатиот период во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во повеќе наврати се одржаа состаноци со претставници на Синдикатот на УПОЗ, со цел изнаоѓање на заедничко решение за надминување на настанатата ситуација. Меѓутоа, синдикатот не отстапи од своите позиции за постигнување на усогласување во делот на одредбите од колективниот договор, информираше денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Посветеноста на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за унапредување и почитување на правата од работен однос на вработените во Министерството, во изминатите 5 години е потврдена и со конкретни резултати. Ги продолжуваме преговорите со синдикатите за креирање на нов колективен договор, во законска постапка и во интерес на сите вработени, порача министерот Николовски.
