Николовски ги повика младите на акција: Сите одлучни млади луѓе да бидат партнери во нашата борба против корупцијата

Денес го одбележуваме меѓународниот ден на младите!
-Во духот на младинското активирање и делување, сакам да им заблагодарам на сите храбри млади луѓе за нивниот придонес кон развојот на земјата и процесите на носење одлуки. Сакам да ги поддржам сите млади ентузијасти кои секојдневно се грижат да отворат простор за решавање на прашањата од интерес на нивните врсници, порача на социјаните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој Љупчо Николовски.
-Ја користам оваа прилика и за повик на акција! Сакам да ги поканам сите одлучни млади луѓе да бидат партнери во нашата борба на искоренување на злото кое го претставува корупцијата, преку градење и демонстрирање на личен интегритет во секоја сфера од животот! Покажете дека сте свои, уверени и истрајни! Градете го светот каков што сакате да го видите!, напиша Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e