Николовски ги донираше дневниците од странство на Црвен крст Крива Паланка за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства

Дечињата од Крива Паланка од ранливи категории семејства годинава ќе се израдуваат на новогодишните празници и ќе добијат новогодишни пакетчиња благодарение на хуманиот гест на вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски.

Николовски и оваа година како и претходните 3 години ги донираше дневниците од странство што му следуваа во текот на претходната година на Црвен крст Крива Паланка и кои ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства.

„Многу ни е драго што оваа година не избравте нас, сите наши волонтри на вашата адреса изразуваат само позитивни критикии со искрена почит.
Целосно ја подржавте нашата мисија и визија“, стои во соопштението на Црвен крст Крива Паланка.

Црвен крст Крива Паланка упати огромна благодарност до вицепремиерот Николовски.

„Ви благодариме за посетата и подршката, ова е навистина непроценливо.
Нека овој хуман гест, го следат и препознаат и останатите наши сограѓани.
Секогаш сме таму каде што е најпотребно!“, се вели во соопштението на Црвен крст Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e