Николовски ги додели договорите за поддршка за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште

9 милиони денари финансиска поддршка даваме на општините за реализација на проекти кои го поттикнуваат руралниот развој. Денеска ги доделивме договорите за поддршка на плански региони, вкупно 13 проекти се одобрени од Вардарскиот, Североисточниот, Југоисточниот, Пелагонискиот и Источниот регион за поддршка за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој потенцираше дека оваа мерка е значајна за земјоделците, преку изградба на полски патишта им се олеснува пристапот и секојдневното извршување на активностите при процесот на производство.
-Во последните 4 години за унапредување на руралниот развој и изградба на земјоделски патишта, реализирани се 109 проекти во вредност од 92.5 милиони евра. Како министерство ќе продолжиме да вложуваме во рамномерен регионален развој се со цел да го олесниме и подобриме животот на граѓаните во руралните средини, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e