Николовски: Финансиската поддршка за мерката “Рурална жена” ја зголемивме двојно, од 3000 на 6000 евра

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на светиниколското село Ерџелија.
-Ја посетив Цвета Нацева од село Ерџелија. Цвета е сопруга, и мајка на 3 деца, вредна и успешна земјоделка. Преку мерката “Рурална жена” таа е добитник на грант од 3000 евра со што го модернизира своето производство. Преку Програмата за рурален развој ги мотивираме жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство и да придонесуваат во овој сектор, вели министерот Николовски.
-Со последниот јавен повик кој трае до 20.05.2022 година финансиската поддршка за мерката “Рурална жена” ја зголемивме двојно, од 3000 на 6000 евра. Продолжуваме да креираме ефикасни мерки и политики за што повеќе жени во земјоделството, потести Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e